настрани (гл.) - или (сврз.)

Како што е срочено во уводникот во ТОНИ, „Не мора да си отворено геј за да бидеш навистина настран“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Темелната колебливост која, изгледа, ја имаат текстописците одговорни за фељтонов околу тоа што е геј-културата произлегува од една основна и карактеристична неизвесност: дали геј-културата упатува на настрани артефакти создавани од самите настрани или на дела од главнотековната култура кои ги создале хетеросексуалци, а кои настраните потоа ги присвојуваат за сопствени потреби и кои во текот на тој процес ги настрануваат? ‌Фељтонот во ТОНИ ја става оваа дилема во преден план со тоа што вметнува и анкета, упатена до читателите, која се вика „Што е погеј?“
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Третирајќи го кампот како свој стрејт-маж, како топовско месо за својата иронија – обидувајќи се да произведе кампска верзија на кампот, така што ја презапоседнува запоседнатоста на Милдред Пирс од страна на машката геј-култура – стрејтерската хипстерска култура ја претвора геј-културната практика во средство за афирмирање на сопствениот идентитет, односно антиидентитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А таа е едноставна.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Наместо да присвојува и да настранува главнотековни културни предмети, стрејтерското хипстерство ужива да презапоседнува малцински културни облици, заземајќи некои автентично настрани или дисидентски „симболи и икони“ и служејќи се со нив за да си го консолидира сопствениот идентитет, истовремено изземајќи се – благодарение на својата хетеросексуална повластеност и на својата шизичка свесност – од општествените дисквалификации што, како прво, воопшто и ги побудиле тие антисоцијални облици.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ниту неповратно да се смести геј-културата во минатото. ‌Премногу е лесно да им се потсмеваш на ТОНИ, признавам, а мене целта сигурно не ми е да се потсмевам – тоа ми е само пакосно, ќефлиско излетничко скршнување од патот кон главната порака.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа постапка е чиста спротивност на машката геј-културна практика што ја изучувавме.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Спотот на СЈ го фетишизира самиот камп и го втемелува сопствениот културен идентитет, или антиидентитет, така што се угледува на кампот барајќи автентичност, се повикува на него како автентична контракултурна естетска практика, со која потоа хипстерите можат да иронизираат и на тој начин да ја деавтентизираат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)