научи (гл.) - турски (прид.)

Научив турски. Едно време со брат ми Лазара поработив кираџија, сетне и анџии работевме.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кога имав девет години се главив да служам кај реснанскиот Ризван-бег за храна и облека и за да научам турски.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Од неа мошне брзо ги научи турскиот јазик и тајните на градинарството кои, подоцна, во животот на семејството, ќе бидат од драгоцено значење за неговото опстојување во годините на големата немаштија во туѓина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тој од својата мајка го научи турскиот, односно, османскиот турски или турската османица, за да орстане во Истанбул.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Мусли бег нема да го испушти Јована да премине на чифлигот Јаузоски, припратен е по него како по свој, го научи турско писмо, го изучи да свири ут и го изучи да го толкува Коранот и му има повеќе доверба од на синовите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)