нацрта (гл.) - голем (прид.)

Нешто морав да сторам. Нацртав голем ној и се качив на неговиот грб.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Околу нас стануваше сѐ потемно и потемно. Можеби се спушти ноќта и можеби ветрот го покри со песок сонцето, златното тркало со многу зраци околу себе.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Играа околу мене и пееја и биеја по распнатите кожи на наивните тапани.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Сакаш ли да ти нацртам голема чешма?
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)