најде (гл.) - време (имн.)

Дури и да беше помалку опасно, сепак ќе беше тешко да се најде време за состаноци.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Порешително од кога и да е, цврсто да застанеме на земја, да ги сублимираме животните вредности и да пронајдеме хармонија во душата и рамнотежа во просторот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Треба да најдеме време да го обоиме сонот и животот, не црно бел, туку со сите колоритни бои и нијанси, Да си направиме свое интимно светилиште и да не дозволиме да ни биде украден сонот и животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Работата никогаш не завршува, за нејзе секогаш ќе се најде време.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ме покани или, што беше необично за нашата комуникација, ме замоли идниот ден да најдам време за кафе во „Зона”, мал ресторан во приземјето на станбената зграда од левата страна залепена за нашиот Центар.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Мојот газда токму најде време да се жени. Ќе остави тој либе нељубено, небакнато.
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Иако имаа многу работа околу косидбата, околу превртувањето и пластењето на сеното, старецот и Бојан најдоа време да им помогнат на гостите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Огнот беше изгаснат, зашто синоќа не најде време, а и ниту помисли да го запрета.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И у целава оваа фрка, некако ти успева да најдеш време да подработиш нешто низ куќа, и кога – динг/донг, некој ѕвони.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Секогаш, кога ќе се дофати вистинскиот миг, мора да се истрае, мислеше, сè додека трае тој; а за совземање и за одмор може секогаш да се најде време.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Задоцнив! Не најдов време. Го трошев на многу понезначајни и банални нешта, за жал.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Додека наредниот ден беше зафатен со своите пациенти, од полициската станица му се јавија да оди таму - не кажаа ни зошто, ни кога, само да најде време и да појде до нив.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Дури и за најмалите трнарчиња би нашол време да им сочувствуваш.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
- Како не најде време да го прашаш, вели Уља, ко брат, ко свое да го прашаш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)