најде (гл.) - дете (имн.)

Кога ошле самовилите дома, си 'и нашле децата изгорени.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Му 'и однеско јаболката момчето на старио, татка си олаџак, и му дало едно јаболко да го изеи; едно го изел - му се отворило едното око.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Се лажам да не така побрзо ќе си го најдам детето, да си го приберам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пред да заспијам, пресметав како ќе го проведам утрешниот ден: ќе ги најдам децата и ќе им ја вратам црвената топка, потоа ќе го вртам глобусот пред очи и ќе отпатувам на север кај Ескимите.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)