најде (гл.) - мир (имн.)

Ме имаше уште на првиот бакнеж, секогаш ме имаше само мене. Засекогаш твоја, љубов!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Си создадов свет, кроен по мерката на моето срце, но неможамда најдам мир, имам се освен твојот шепот во белите утра.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Дури и да го најдеме центарот на светот нема да најдеме мир и спокојство ако бегаме од минатото.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Имотот што го имал во Езерец му го подарил на манастирот и тогај нашол мир: не сонувал повеќе пожари и не скокал во сонот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Девојката нема никаков грев и портите од рајот ќе ѝ бидат отворени, а душата на нашиот син нема да најде мир, ни на овој ни на другиот свет.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Таа многу сакаше да разговара со него, да го убеди за својата невиност, да го убеди во тоа, за да му олесни да најде мир.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Простено ти е, Луцијо!“, рече. И потем рече дека без разлика на сѐ, сѐ уште ме сака, и дека секогаш ќе ме сака; рече дека си оди засекогаш, затоа што му се гади од сѐ и дека сака да најде мир.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Потем рече дека ако не најде мир ни во циркусот, сигурно ќе се замонаши и ќе му се посвети на Бога.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Мене да ми беше мајка, ќе се убиев за да најдам мир!!! Нималку не се насмевнав и засмеав.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но ни таму не најде мира.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Но и тука не можеше да најде мир и спокојство; седеше на столчето, стануваше, земаше книга да чита, ја отвораше, но пак ја оставаше; легнуваше на креветчето, но пак стануваше, шеташе по таванот наваму-натаму, не можеше ништо да направи, со ништо да се смири, успокои.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)