најде (гл.) - спас (имн.)

Каков планетарен парадокс: Татко бегаше од Езерото, во потрага по излез од егзилот, на местото каде што Игор Лозински најде спас и спокој, свој излез од егзилот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Поранешните дипломати на Југославија, кои во федерацијата според паритет ги претставуваа шесте републики и двете автономни покраини, го напуштаа предвреме бродот со изгубениот кормилар за да најдат спас во првиот пристан.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Беше тоа сложена позиција за дипломатот кој некогаш бранеше една а сега друга реалност? Беше тоа помалку невозможна мисија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
АРСО: (Божем се мачи да најде спас.) Што да ти кажам, чорбаџи Теодосе...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТЕОДОС: Во колибата! Криенка-миженка ли ќе играме овде? Чиста ли е колибата?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Малку или многу железо и оган падна врз главите на осакатените единици на ДАГ и големиот број цивилно население кое во невидена паника иташе кон Пероо за да најде спас на полуостровот што го нарекоа „Африка“?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)