најде (гл.) - слободно (прил.)

За луѓето од овој град Витоша е незаменлива; и зиме и лете, секогаш кога ќе се најде слободно време, се оди на Витоша.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Имам среќа да најдам слободно место до две млади, згодни жени.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- пиши, пиши... пиши, пиши... - ...тој пред да се роди бил надарен... а наш човек, во Виена... триста и шеесет книги да смисли... од крај до крај...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Едно претпладне поминав многу лошо. Платив за паркинг, час и половина вртев кругови на паркингот околу болницата и не можев да најдам слободно место за паркирање, плачев од нервоза, ти ме чекаш таму, а јас час и половина не можам да најдам каде да се паркирам, па си ветив дека наутро кога е гужва, во иднина, ќе доаѓам со такси, а навечер со автомобил.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)