најде (гл.) - зашто (сврз.)

А денот нов кога би народот беше полегнат кај се најде Зашто на местото на Светото дрво се раздени Јагленосан труп суши и старост што зачење.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Џебно ноже, со отворач за конзерви и сврдел за тапи, не најде зашто немаа; но затоа пак си ја зеде камата, чија ножница се вденуваше во ременот на панталоните, а освен што секогаш ти беше при рака имаше доволно остар врв за да дупне секоја конзерва и да отвори секој чеп.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А и да го бараше, не ќе го најдеше зашто не постоеше.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Таков нема да најдете зашто електронските работи кои се залепени на ѕидиштата како кутии а се изнацртани со разни линии, бројки и со други енигми издаваат билети со кои обезбедувате влез преку механичките скали, кои водат до една од станиците на „Ла Дефанс“ за „Етоал“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)