нема (гл.) - неа (зам.)

„Дарванската вода е подобра за пиење, ама сега, кога ја нема неа, и оваа ќе ја фалиме. Господ на помош.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И дури тогаш, кога се сретна со тоа свое срнче, можеше да биде сосема сознаен колку длабоко беше зараснат во глувата мов на таа притаеност; тој уште ни еднаш ја немал неа таква; тој речиси и не го познаваше нејзиниот допир, што заглушува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)