нема (гл.) - никој (зам.)

Но мајка ми, уплашена, кога ги виде со бради и со камери, не ги пушти да влезат во куќата, велејќи дека освен неа нема никој.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Откога виде дека нема никој, се искачи горе по скалите и ги спушти чергите на подот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Одвај втасав, Гоце! - рече жената.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Такви немаше никој, велеше мајка ми, а очите и блескотеа како ѕвезди! . . .
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Таа му се доближуваше со насмевка, му го вадеше метрото префрлено преку шија, го фрлаше врз машината за шиење со движење како да го соблекува и ги подаваше усните кон неговите, а тој збунето погледнуваше зад малиот излог на дуќанот и откако ќе се увереше дека нема никој, ја гушкаше и ѝ ги возвраќаше бакнежите со своите полни усни.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Нашиот Пурим” Алегра ја нарекуваше нивната свадба што ја очекуваше со нежната женска душа, но и со сѐ порастрепереното тело со кое таа сѐ повеќе копнееше по него со една чиста и исполнета љубов што извираше длабоко од неа.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Или, ако повикот дури и се слушне, нема никој што ќе го прими и разбере. 46 Margina #22 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Примав пораки дека мора да ја земеме Ен, дека немаат никој друг. Сѐ беше погрешно.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Попродлабочена анализа покажува дека либидиналното јадро на филмот е варијанта на едиповиот триаголник: врска меѓу јунакот (дописникот), неговата девојка и нејзиниот татко, угледниот англиски пацифист, кој во суштина е нацистички агент - нивната врска е полна двосмислени подтонови, одделни постапки, што инаку би можеле да се разгледуваат и на ниво на површинско случување (немоќта и вината на таткото, уценувањето на таткото од страна на јунакот со (лажното) грабнување на ќерката, финалниот самоубиствен гест на таткото итн.), добиваат вистинска тежина дури оттаму што од нив одекнуваат имплицитни либидинални подтонови.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Јас мислам најдобро е сега да свртиме накај црквата. Таму нема никој.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Бачилските колиби ги најдовме празни. Немаше никој.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Проверивте ли? - Да, - одговара Коле. - Кога идевме немаше никој.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тишина... да речам - дури штама во станот... се слуша само рамномерното чукање на ѕидниот часовник.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Беше мрачно и свежо затоа што ролетните беа спуштени. - Дома нема никој.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ме зафати пријатна свежина.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Мора да се признае дека и овој начин може да биде ефективен доколку немате никој во вашата близина па навреме да ве спаси:)
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Филмот почна и до неа сѐ уште немаше никој.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Таму немаше никој да ми плати да запомнам нешто, а некои од нив плаќаа многу за да заборават.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
А и каде да одиме? Во театарот уште нема никој.  - Како сакаш.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
По масите немаше никој - гостите за ручек си отишле, гостите за вечера не дошле.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Чудно е. Како да си сам и никаде, никаде на светот како да нема никој.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Истрча во бавчата. Ни тука немаше никој.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Колку да се знае дека внатре нема никој, дека тој не е дома.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Методија! Методија! Брачко! викам. Убаво се развикав, ама гледам нема никој да ми одговори.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Или, Господ да те чува тој да ти влезе дома кога нема никој.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Истрча во бавчата. Ни тука немаше никој.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Потоа тој застана и со очите почна да разгледува наоколу. Немаше никој.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Беше задоволна што немаше никој во куќата да го види нејзиниот страв.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Нема ни збор да изустиме за ова, Тито. За ова нема никој да знае, освен ти и јас.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сега го нема ни лавот ни сенката.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
- Зашто ноќе нема никој сенка, ни луѓето ни лавовите.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Подоцна во циркусот научив дека сите циркуски ѕвезди бараат на тренингот, освен учесниците во точката и аѓутантот да нема никој друг, особено не во публиката; редовно се случува да им падне концентрацијата ако има макар и две очи во темнината што ги гледаат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тој престана со движењата; стана и се сврте кон мене. Нема никој, рече, ти сонуваш.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Следното утро кога се пробудив отидов во дневната соба. Таму немаше никој.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Стани ми рече. Тука нема никој... И ме одведе дома кај неа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тој не му припаѓал на европскиот капитал и за него немало никој да жали, освен оние што од внатрешноста отседнувале тука.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во даден момент, кога во ходникот, во негова близина, немало никој и кога паробродот сè уште не го имал напуштено пристаништето, Манасов го запалил фитилот и брзо потоа се чула силна експлозија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Толку многу што ми доаѓаше да побегнам некаде каде што нема никој и ништо.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Зарем да нема никој свој во салата, блиски очи што ќе те храбрат кога ќе се јавиш на бината, што ќе се израдуваат повеќе од очите на сите присутни кога ти ќе излезеш, кога ти ќе рецитираш...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Некогаш од сон ме буди неговата смеа; одам, ја отворам вратата, неговата соба е празна, но мириса онака како што мирисаше тој кога беше малечок откако ќе го искапев.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога ноќе седам покрај прозорецот, слушам чекори и во нив го препознавам звукот на неговите чекори; станувам и го отворам прозорецот, а на улицата нема никој.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Освен мене, во храмот немаше никој, а сепак, нечии очи ме следеа скровито, упорито.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тоа не му го кажав на загрижениот директор на центарот за култура затоа, пак, тој ме извести дека пред некој ден, во еден, исто така, мал град се откажала театарската претстава поради тоа што во салата немало никој, ама баш никој што би можел да се регистрира како театарски консумент, просто речено, како публика.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Си дополни од шишето што секогаш стоеше на масата кога во собата немаше никој освен него.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Се разбира, и тој ѝ рече дека ја сака, и навистина го мислеше тоа, оти тогаш секој сакаше секого и зборовите „те сакам“ се кажуваа лесно.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Му шепна „јe t’aime“ онаа вечер кога се подготвуваше да си замине, а на плажата немаше никој освен нив двајцата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
ЛУКОВ: (Изненаден и испитувачки.) Па... Вие, ако не се лажам, сношти рековте дека немате никој свој и близок во Софија?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
НЕДА: Нема никој. Спијат.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Крај мене нема никој, а ти, синко скиташ по светот, ко тишка без седело, без корен...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Ух, бре да даде Господ да прегориш, кај мене во сокачето нозе ќе искршиш по темница, жива сијалица не свети, а овде нема никој, мислиш поради графитот е поставено осветлувањето.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Се вратив назад, но во собата немаше никој, па излегов да ги побарам.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Нема никој рака да ти подаде, да те задржи, да те поземе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И џвака, како да нема никој, како да е сам во собата. (Тој џвака, а децата подголтнуваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
АНТИЦА: Се само во харем и фереџе не! (потрчува сама кон вратата, а останатите сите по неа и излегуваат). (На сцената нема никој.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Во моментот кога се крева завесата на сцената нема никој.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Штом ќе ти дадам знак значи дека нема никој и излегувај. (кинисуваат баба Анча прва, а Илија по неа).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
При кревањето иа завесата на сцената нема никој.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Па ете, овде значи, мојата посета е завршена, повторно без потреба ме намачија; на тоа се навикнав; со помош на мојот ноќен ѕвонец ме мачи целата околија, но овојпат морав да ја жртвувам и Роза, таа убава девојка, која години и години живее во мојата куќа, а јас не сум ја ни забележал, – ова е веќе преголема жртва и јас морам да ја соберам сета своја досетливост за да пронајдам некакви остроумни објаснувања за да не го нападнам ова семејство, кое дури ни со најдобра волја не може да ми ја врати Роза.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Коњот ми пцовиса, а во селото нема никој кој би ми го позајмил својот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но кога ги крена очите, пак немаше никој.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Викаше колку што ја држеше гласот, но никој не ѝ се одзва. Ѝ се одзиваше само нејзиниот грлест глас, ѝ се враќаше по стрмните и кривулести улички.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се осмели да тропне на една врата, но никој не ѝ отвори.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
По неколку минути тој се сепна и стана на нозе, но веќе немаше никој.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но кога ќе се обѕрнеше, зад неа немаше никој.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ќе видам, да го побарам прво Џим, мојот цимер.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Телефонирам. Одговор: нема никој. 22.06 Crown and Castle: можеби треба да го забрзам протоколот со некоја чаша виски.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И една вечер, кога во собата немаше никој, се спушти низ прозорецот држејќи се за заврзаните чаршафи од креветот и кога се најде на тротоарот крај болничкиот ѕид, помисли дека тука ќе испушти душа, но пак нешто го поткреваше и го тераше да продолжи, да бега.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
По другите клупи околу нив нема никој, само тие двајца и се чувствуваат како некој самотен остров одвоен од светот и реалноста; само повремено доаѓа шум од реката и по некој клик на птица од дрвјата од кои се рони жолтеникав прав и ја покрива патеката.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
По враќањето Којо Пипиле зеде куче за да му прави друштво, да не е сам, зашто и тој немаше никој дома: татко му умре пред да замине, а мајка му откако замина.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Марко Проказник стаса доцна: жена му ( ни ликот неќе не ѝ го паметеше) ја закопаа без тажачка и на гробиштата немаше никој.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во ресторанот немаше никој освен келнерката Цвета која ѝ пристапи на Илона и ја бакна во образот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Павле, како што се викаше домаќинот, мирно климна со главата: - Дојдени сте на вистинското место деца, овде барем неколку дена нема никој да ве бара.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
На улицата немаше никој друг, а немаше ни телекран. Таа рече два долара. Јас...“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се обѕрнав лево-десно како некому ќе му кажам дека, ете, таква ти била работата, ама, нормално, немаше никој.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Еднаш или двапати се обидов да му речам дека можеби ѕидот не е неопходен, дека нема од што да се пази, кога околу куќата и така нема никој.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Митровденски задушници - а гробиштено празно. Си се гледам - насон си се гледам изморена, папсана, исплашена - да не би вака самсама да се струполам - а нема никој да ме крене... па сум фатила да ѝ се молам на Богородица Мајчица - Помогни ми!
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Беше доцна навечер, немаше никој пред одделот за Токсикологија, почнав да викам: „Помагајте, мажот ми умира, помагајте…“
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Од скоро, на касите на големите маркети нема касиерки т.е. нема никој.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Стоеја пред двокатна зграда. На сите прозорци - спуштени ролетни. Како да нема никој жив.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ете сега ќе и го пеа маслото! Нема никој да ме разбере, и пак ќе и го стора!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И кога на училиште сум ја рецитирал мојата непостоечка азбука, учителката мислела дека нема никој пред таблата.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Кога отец Иларион излезе и ја заклучи вратата, Бонети се разврте со очите низ дворот, и откако се увери дека нема никој, отиде кај ќелијата, се наведна и го залепи окото на клучалката; ја виде Смилјанка легната на постелата гола; осветлена од прозорчето прилегаше на бел цвет врз темна вода; ги држеше расплетените коси на градите и ги виткаше на прстите; над неа во камарата стоеше иконата на св.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се свртев. Немаше никој. Погледнав кон Манастирот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Надвор немаше никој.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Не гибај во Животот, живот е, Ќе те смена што и да е, Секој знае, која и да си, што и да си, Нема никој да те спаси, Зошто целта на животот - смртта е.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
И кога нема никој - Некој има: Тишината, Прашината нејзина, Обалаци што минат Низ нас, бразди во душата, Сенки во очите, И кога нема никој - Некој има: Сушата Во чувствата, изгубеноста Во денот и векот, Прокобата кај човекот: Тленоста.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Ѕвоно. Па, таму нема никој, помисли.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Во животот ропски, во страшниот пекол не, никогаш нема никој да не врати; а работа чесна го сакаме веков, имињата славни почит да ги злати.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
- Мојата несреќна рака и да ја немаше никој нема да забележи - одговорив резигнирано додека го ловев ситнежот по нејзиниот паричник.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Сепак, држи ја во џебот. Сигурното е сигурно - настојуваше Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Нему кутрото нема никој никогаш да може да му купи санка.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Тој веќе не можеше да го истрпи гладот и целиот растреперен пречекори со едната нога надвор од куќичката. Немаше никој.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Пламенот ти зафати и полека изгоре името на Ставре.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Дождот, измешан со лапавица, се подзасили.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Му реков: - Тука нема никој од нашето село... - и почнав да липам.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Ставре што загина во бојот со Италијанците? - праша една од жените. - Тој, ами кој друг...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кога се поврати, сонцето веќе беше високо. На гробиштата нема никој.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Можеби долу нема никој, - процеди Иван.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
- Хи -и, кого ќе го удриме? Долу нема никој, - почна Стевчо да го уверува.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Можеби за таа случка немаше никој да ги окривува, но, ете, некаков прикриен страв не им дозволуваше да ја кажат вистината.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Кога ќе немаше никој во паркот, тие седеа на клупата, таа го вадеше огледалцето, се огледуваше и му даваше и нему да се огледува, се чешлаше со чешлето, а понекогаш се чешлаа заемно: таа го чешлаше него, тој неа.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Веќе разлутен што не го разбудиле, видувајќи дека нема никој, како што редовно бива при станувањето, да го пречека и да го служи, избувнува.) Што е ова!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
А јас... (Погледнува на саатот.) Не работи. Тоа ли е ред! Ако сум задоцнил?...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Некој штотуку излегол, тоа е точно.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Кога ќе влезете во неа, чувствувате дека некој штотуку заминал, сѐ уште може да се почувствува присутноста, иако таму веќе нема никој. 116 Margina #10 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
И отвраќах си очите тамо и овамо, да не гледам тија страшни лица ни да чујам нихни страшниј глас, и не можех да се скријам от них зашто беха многу безброј, и немаше никој да ми помогне от таја беда, и бех до крај.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Среќа, немаше никој во ходникот и се чинеше како сите да спијат.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сиот скиснат се враќаше во соба и се обидуваше барем уште еден час да поспие, но срцето му биеше во ушите секој пат кога ќе ја ставеше главата врз перницата и уште долго време или скоро воопшто не можеше да заспие.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Дедо Мраз се штрекна. Разгледувај лево – десно, напред – назад, нема никој!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Во анализите на советскиот интерес во балканските држави, тие ќе истакнат дека Советите во Романија, по анектирањето на одредени територии кои тие ги посакуваат, ќе настојуваат да се постави "пријателска влада, врз која ќе можат, во голема мера, да имаат своја контрола".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но, за разлика од текот на настаните во ЏИЏ век, кога Велика Британија како свој сојузник ја имал Австро-Унгарија, „која им се спротивставувала на овие руски мерки“, во средината на 1944 година, според британските експерти „нема никој на кого би можеле да сметаме за поддршка“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Професоре, нели нема никој поглуп од мене? Нели сум јас најглуп на светот, професоре?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
БОРИС: Ставив порака на вратата дека нема никој.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Бабата нема никој свој.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ти сосема јасно одговараш на прашањето во пасусот наведен подолу, во кој е очигледно дека штом ти си повторно уверен дека Серл сигурно станал месечар, кој веќе не е во можност да ги одбие менталистичките атрибути кои што сме навикнати да ги проицираме на нашите невини компјутери (коишто не се во состојба да укажат дека нема никој дома и дека атрибутите се затоа лажни), тогаш проекциите повторно слободно протекуваат.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Од дома сите беа на работа, а ние во дворот легнати, ќе не огрееше сонце и немаше никој вода да ни даде.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Сите почнаа да викаат по мене: Милка, враќај се, каде одиш!
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Здравко секогаш, кога немаше никој да се јави за доброволец, ќе погледнеше во мене, јас ќе се јавев, а тој потоа честопати ме споменуваше и ме фалеше како пример на храброст.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Кога видов дека нема никој околу мене, почнав да се враќам, но опинците ме издадоа – еден чекор напред – два назад и така последна отстапував.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Се чувствував некако поделена на две: штом едната Јас ќе помислеше на сините очи на Мартин и на неговото светло, нежно и малку бебешко лице, со мало перче руса коса небрежно падната врз челото, другата Јас веднаш ќе ги здогледаше темните очи на Игбал, длабоки како ноќ падната врз неговото чоколадно лице.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кај Снеже дома немаше никој и не знаев како поминала.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се разделивме. Дома немаше никој.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Потоа, прилично задоволна што нема никој дома и што можам на мира сама да си поседам, излегов на балкон.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но, мене нешто друго ме мачеше: идејата на брат ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
На масата ме чекаше вообичаено писменце, како што секогаш правиме кога некој ќе излезе, а претходно не го соопштил тоа: „Ние, со татко ти, отидовме во Драмски, а потоа најверојатно ќе седнеме кај Крап во кафеаната.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дома немаше никој.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Нема никој, сам е. Сам е, со мечката пред себе.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Имаше во своите раце таква моќ каква што немал никој пред него.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)