нема (гл.) - болка (имн.)

Сѐ беше добро, немаше болка и последниот детаљ од неговиот живот беше разголен, разбран, простен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Зашто си збор и зашто зборот не е живот па затоа и трае, му одговори каменот, се прегрнаа и видоа дека нема болка во неизбежното.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
А ти немаш бол и не си глад и не си нож.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Цигарата догоре во моите прсти, и јас, како самиот да догорувам, немав бол за тоа догорување.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Кога дојде времето да се замине во ресторан, меѓутоа, таа веќе не можеше да издржи, и покрај тоа што Френк беше доволно внимателен во шест и пол да ја повика галеријата и да каже да не се грижи; немал болки и сѐ е во ред, но сепак решил да одседи додека е густо - „додека е ретко”, се исправи - и да пушти брзалицата да мине, извини на изразот и не забо­ равај: тирамис.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
ЕВТО: Сите што ја немаат болката, го знаат лекот.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
„Млад е“, рече жената. „Ковчињата му се меки. Да викнам ли бајачка?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Не“, рече Никола Влашки. „Нема болка што не сум ја совладал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Додека чекорев натаму, замислував како Густав лежи на креветот по мозочниот удар, лежи во бессознание, а Клара седи крај него, знае дека тој заминува, и првпат го гледа не како свој брат и заштитник туку како свое дете, се обидува да го разбуди од она што не е сон и од што никогаш нема да се поврати, му зборува и тоа веќе не е гласот на сестра која го моли да ја заштити од мајка им, тоа е сега глас на мајка која се обидува да го утеши своето дете во неговата нема болка, тоа е глас на мајка различен од гласот на нивната мајка, глас со кој Клара се обидува да го увери дека сѐ ќе биде добро, дека ова ќе мине, заборавајќи дека така се обидува да се разувери самата себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А потоа, кога дознава за загинувањето на двата најстари од малите Густави, нема да може ни себеси да се разувери.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)