нема (гл.) - вкус (имн.)

Мислиш дека немаат вкус, или дека за тоа не треба да расправаме?
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Освен површините со пиперки и домати, имаше други со бланучки опојно миризливи и благи, а кога тие завршуваа се појавуваа јаболкца петровки што го немаа вкусот на бланучките, додека ѕарѕалините онака убаво пожолтени и со темни дамки од сончевата страна имаа уште поубав вкус и од бланучките, па сѐ до црешите, праските, грозјето.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Имаше мирис на подгорено и немаше вкус на онаа ракија на којa се навикнати - печена од грозје и лута...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
– Зар печената јагула го нема вкусот од онаа на твојата мајка?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Жестокиот алкохол сега немаше вкус; почна да чувствува гадење од него.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)