нема (гл.) - гледање (имн.)

„Ајде, и гледај ме право в очи.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Засекогаш се разделивме, нема повторно враќање оттаму каде што отиде, нема гледање, нема ништо… Останавме ние тројцата.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
„Па ајде, кажувај“, мама ја исклучи пеглата, ја кладе настрана, седна длабоко воздивнувајќи.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Нема бегање - си помислив - нема гледање низ прозорец како во канцеларијата на директорот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)