нема (гл.) - дете (имн.)

Немаше деца иако имаше тело кое, помислуваше Јаков секогаш кога ќе ја видеше подготвена за љубов, дури и под долгата бела ноќница што сега ја носи, повикуваше на бескрајни оплодувања.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Единствено ретко може да се видат деца, нема деца на улица и доколку некаде ќе се видат, нив ги води некој постар, под рака.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Имале деца; немале деца...“
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Од него, од Блажета Станкоски, врз кого после падна тежок презир, во Потковицата го завикаа Србуле, Стево Србино го посини Алекса и го испрати кај своите во Србија, во Белград, за да изучи.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Меѓу сите нив навиден и најпрокопсан беше Стево Србино, но тој ја имаше таа несреќа, иако домаќинката му беше здрава и лична да не може да биде повеќе, да нема деца, а Блаже Станкоски, кого Србите, поради големите мустаќи, го завикаа Брко, ги имаше толку многу, што не знаеше што да прави со нив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ја нема живината и гудината што се брчкаа во браздата, ги нема водарките, чупите и редовниците, ги нема децата што клекнати покрај купиштата ѓумови и стомни ги чекаа сестрите или мајките, ги нема старците поседнати од камењата пред портите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа што дознав е дека нејзинит сопруг е возач и дека немаат деца, а живеат сами во предградието на Париз.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
И немаше деца од мојата возраст, освен оние малите, селото беше пусто без деца...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Немаше дете. Немаше глас, немаше смеа, немаше радост.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кој знае колку ѝ било мачно што немала деца.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Со неа немал деца, но со неговата голема тајна љубов, убавицата Мериме имал две машки деца.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Загледана во џебот, почна да го кажува расказот: „Изгледа толку страшно да се остане стар ерген, да се остари во борбата за сочувување на достоинството додека молиш за прием кога сакаш да ја поминеш вечерта со луѓе, да бидеш болен и од аголот на својата постела со недели да ја гледаш празната соба, секогаш да велиш ‘добра ноќ’ пред излезната врата, никогаш да не брзаш по скалите со својата жена, во собата да имаш само споредни врати кои водат кон дневните соби на други луѓе, да мораш да им се воодушевуваш на туѓите деца не смеејќи да повторуваш: ‘Јас немам деца’, да го обликуваш својот изглед и однесувањето според еден или двајца стари ергени кои ги помниш од твојата младост.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ти тогаш имаше едвај една година.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа така ќе биде, само што во стварноста, и денес и подоцна, ќе стоиш тука, со опипливо тело и стварна глава, па, значи, и со челото, за да удираш со раката по него.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ми кажаа дека немаат деца, рекоа дека живееле некое време во градов, и се подготвуваа да заминат дома. Сакаа да се вратат со дете.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Со години немало дете, се сети таа, а девојчето беше весело и живо како пиле.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Боже, по секоја војна - доаѓал рајот, се восхитуваа луѓето и се грабаа на Ѓупките, земаа кој по една, кој по две, кој по три; кој немаше деца, земаше од децата; им отвораа конак на Ѓупците.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Боже, како лета времето! Веќе минаа над десет години откако тој остана вдовец.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тој немаше деца. Гапка има деца и тие трчаат по дворот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Германецот порано ја беше поќерчил Резика, па на заминување целиот имот ѝ го даде нејзе. Јана знаеше дека немаат деца.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Откако во една реченица Томо рече дека со Рада немаат деца, сензибилноста на темата налагаше страницата од минатото да биде затворена.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Јас немам деца, вели Витомир. - Ќе имаш, му велам, тие што ќе ги имаш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се наведнале да видат кај е удрен и виделе - немал деца на овој свет, не ќе ги има ни на оној. Крмнак, рекле. Мртов нераст.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Јас ќе ти помогнам. Знам, тешко е без дете. - А ти - немаш деца?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Зошто без маж? Не си Богородица, се сепнал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Едното око, нешто понабабрено отколку кај жив човек, застрашувачки гледало во пламенот на нивниот факел, устата се доискривувала како пред несфатлива смеа, чиниш пред тоа тој итречки му се доверил некому дека ги измамил противниците со тоа што се исправил во прозорецот кон блесокот на нивните пушки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Би сакала да ѝ пратам телеграма, пакети, да знам дека ѝ се добро децата или дека нема деца – зашто ми се чини дека таму немам деца – и ѝ треба утеха, сожалување, бонбони.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тогаш се истегнав во креветот, здрвена и речиси завивам, речиси трчам да ја разбудам мама, да ја гризнам за да се разбуди.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Знаеше како се чуваат доенчиња, иако самиот никогаш немал деца, се впушташе во неверојатно интересни разговори околу исхраната за определена болест, ги предлагаше тие и тие видови пудра, на ливчиња испишуваше рецепти за приготвување лековити масти, ги регулираше квантитетот и квалитетот на напивките за бебиња, дури знаеше и како да ги држи: расплаканото дете веднаш се смируваше кога ќе го кренеше в раце.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сумите што ги бараше се движеа од една до педесет марки.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Немаше дете тој час што не се помести од стројот, што барем еднаш под влијание на Трифун Трифуноски не замавна со рака.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Како што растеше Богдан, така сè повеќе доаѓаше до израз тоа ”ѕверче” во него: немаше дете во селото со кое не ја испробуваше силата, не се тепаше.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ми рече дека тоа го направил само за мене, а ако немал деца можеби ќе заминел в логор без око да му трепне.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Партијата не дозволуваше разводи на бракови, но го охрабруваше разделувањето во случаи каде што нема деца.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Зашто жена му Андрица која немаше деца со Андро, постојано ме молеше да проба со мене да види дали може да зачне...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ја викнаа жена му на Андро, Андрица, и ја распрашаа за сите подробности: од кога се заедно, каков им бил животот, се карале ли некогаш и зошто; која била причината што немале деца: не сакале, или не можеле да имаат.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Многу што немале деца тоа го правеле.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ги сослушаа и пријателите и роднините на Андро и дознаа дека Андро многу жалал и пекал што немале деца, што немале пород, наследник, продолжувач на лозата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
БАРБОШИН: (на Мешаев.) Според некои надворешни знаци, што му се достапни само на опитното око, можам да речам дека вие сте служеле во флотата, дека немате деца, дека неодамна сте биле на лекар и дека ја сакате музиката.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Што ако Хелвиг е решен... да немаат деца?.. Ако ја напушти?.. Ако го раскине бракот?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ајде, нека му е аирлиа, токо . . . кој знае па таа Рожденката дали не ќе одврзе да раѓа па да се нап'не куќата и да нема децата каде да се огреат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На крајот следуваше потписот „Ужалената сопруга“ што значеше дека Едо немал деца.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Вчудоневидувачки беше фактот дека во селото нема деца па ни помлади луѓе. Селото како да беше на умирање.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ме болеше кога ќе ми се дигне. Немам деца. Ебам ретко, ама лошо.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Танејца, со запалена борина шеташе низ куќата, размислуваше и се тувкаше: „Тув, ми го нема детето! Задоцни!“
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Марксизам ќе имам, но ќе немам дете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Плачела, редела со глас и една од комшиките, стрина Риска, ја прашала што бара. – А бре ми ги нема децата Мила и Љуба!
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Во моето село, во тоа време, немаше деца што го продолжија школувањето, но тоа за мене не беше утеха, мислев секој за себе треба да се грижи.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Сигурно имав околу шеснаесет години, а толку многу верував во Бога што си мислев дека е сè средено според Бога – та, зошто инаку додека е женското девојче нема деца, а кога ќе се омажи добива деца?
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Јас немам деца, ама барем да ги спасам неговите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)