нема (гл.) - дно (имн.)

Станувам свесна дека ако набргу не најдам начин да ја сменам положбата, ќе пропаднам во бездната која нема крај. Нема дно, темно е.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Од Чаплин научивме, вели гаравиот човек со бале преку рамо и дволитарско шише од цоца-цола лигхт во другата рака, дека не сме го чуле Господ кога веќе нè плукнал на врвовите на надежта убаво нè предупредил дека амбисот на себезалажувањето нема дно.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
- Не давај на Џемал-ага. Џебот на Џемал-ага нема дно. - Ќе ме заколе!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Пак почнавме да удираме по стеблото и да буричкаме во ралупот со тенки врбови прачки. Ралупот немаше дно.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)