нема (гл.) - коњ (имн.)

Го стрелаа а потоа го бараа коњот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Немаш коњ да го бодниш и да те фрли и ти пак да му простиш откако ќе се врати и со влажни очи ќе застане над тебе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А и кој да му поверува на сиромавиот Козак дека нема коњ.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не. ќе им речам дека немам коњ, ако разберат, ќе простат, мислеше и се изненади кога на прашањето, како ќе помогне, призна: - Имам коњ.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Но, додека ја затворам чантата и мавтам да ми ја донесат бундата, а сето семејство се збрало, таткото, подмириснувајќи ја чашата рум што ја држи в рака, а мајката најверојатно разочарана – па што, всушност, очекуваат овие луѓе од мене? – сета облеана во солзи си ги гризе усните, а сестрата мавта со шамичето натопено со многу крв, јас сум некако подготвен, под извесни околности, да признаам дека младичот, можеби, е сепак болен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Излегува Дуко Вендија и гледа - нема коњ. И, ах мајче мајчино, ах живо и мртво.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Колата морам да ја извлечам од свињарникот; и доколку случајно нема коњи, ќе мора свињи да ја влечат мојата кола.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Јас немав коњ за зет, па коњ ми даде Николе Солески.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)