нема (гл.) - мир (имн.)

Каљостро: Глеаш собрание, Чкаља, Мики, Развигор, Мики и Славко, Чики и Мики и уважените пратеници Чат, Пат и Мат?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кракатау: Вечерва смогов низ градот се сече со ножици или со лажици можете да го сркате, по желба, а ние се пробивме до ова темно катче каде што ни едно пиле не пее, кадешто ни глувците немаат мир, а еве, кога доаѓавме, дури и Шарко, студентскиот беден Шарко избега од нас, како параноичен глушец, ко да сме ние двајца некакви си фантоми, ви се молам, некои смоговски џукелчиња од чад, ти ебам, кога и кучињата бегаат од нас!
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Каљостро: Така, ако сте дрогирани, претепани, пијани, за да се вратите дома, тука е сома.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Никој нема мир додека не се појават угледните, важните граѓани во салата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Се немаше мир. Беше многу страшно!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Таа мисла постојано ја прогонувала. Немала мир.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ништо не ми беше јасно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Како да не, го оставаш, ајде те молам, баш напротив, секогаш му стоиш над глава, детето нема мир од тебе – ѝ се нафрли тета Оце.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Велат ‘shalom-’, а никој нема мир”. 
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Веќе никој немаше мир во домот, дури и управата отворено ја покажуваше својата загриженост и голем страв.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Долго време нема мир во тебе.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ги прочита и овие наслови: „Фараонот Чанга заврши во својата пирамида со козите; Чанга задушен во воени скривалишта со своите верни кози; Чанга открил непознат излез од тврдината; На Балканот, по убивањата во војните, продолжуваат убиствата и процесите против козите. Нема мир на Балканот...“
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Богуле го згрчи лицето. Го жегна нешто во срцето, во душата. Немаше мир.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)