нема (гл.) - пари (имн.)

Впрочем, мене и вам не ни значи ништо тоа што Уставот на нашата држава, само на хартија, ни гарантира одредено право, ако тоа [виртуелно и фиктивно] право ние не можеме и практично да си го заштитиме пред суд – затоа што, на пример, судијата не го зема предметот во работа бидејќи немаме пари да ги платиме скапите судски такси, како и лукавиот противнички адвокат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Немам пари, реков засрамено јас, жулавејќи ги во џебот оние три долари, несигурен дали воопшто да ги споменувам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не, ние не лепевме сликички. Немаше пари за чоколади.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ајде, остави ја малку книгата да ти раскажам за мене.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Сега бе не можеш ни до Ѓорче да отидеш. Ни за аутобус нема пари.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Денес има 100 марки на патики и трењерки, но нема пари да ги купиш.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
62 Интересно е да се забележи дека затоа што П. Шатев немал пари да плати билет за полицаецот што го спроведувал, морал уште со двајца, кои веројатно биле во слична ситуација, да патува пешки од Солун до Скопје.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Дури и кога госпоѓата нема пари да го плати поправањето.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Напредувањето не се заснова врз богатство, туку на употребата на конјуктиви.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Господата од Министерството ја фураат истата принципиелност (патем, убиствена спрема сите помали и посиромашни издавачи ко што сме ние), а згора на тоа и тие немаат пари.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Еден ден му веле Насрадин-оџа на друзите деца шо училе при него: - Деца, да идете вије дома, по едно јајце да си земите од куќа! Отидоа, зедоа.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Сиктер од тука, нема пари! Ех, рекол, јас затова ве виках не вечера, не е, рекол, теле това - еж е ќо се вари горе.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
МАРКО КРАЛЕ И МУСА КЕСЕЏИЈА
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Си покрал чесен човек? - Чесните немаат пари. - Да не би некоја крвнина...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ама или ми е неважно или сум неуредна, па во паричник никогаш немам пари.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Немаш пари, а од оваа мисла туѓата облека како да порасна, како во неа да набабре снага.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- За своја сметка! А кој вели дека немам пари? - Никој!
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Па како тоа нов? – рече тој, сѐ уште небаре на сон, па јас немам пари за тоа. Да, нов, со немилосрдно спокојство рече Петрович.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Бевме сиромашни. Немавме пари. Целото наше племе беше бедно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сме биле познати по својата чесност околу единаесет столетија, дури и кога сме биле најбогата фамилија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Зашто, кој нема пари, не излегува со дама.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Хорхе Луис Борхес РОЗАТА НА ПАРАЦЕЛЗУС
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Една јагула лежи таму во една друга кафеана.“ „Да те чекам ли, брат?“ Клепките на Мирона беа завлечени в месо, очите гледаа срамно соголени. „Немам пари.“ Мирон се заниша на крцкавиот стол и ја завлече раката в џеб.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Пликот беше тенок, речиси празен. Немаше пари да се плати операцијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но за ваков потфат немаше пари.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Нема пари. Нема писмо. Скоро два месеца.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Татко немаше пари и ние да си купиме козичка, да се спасат Мајка и идното братче или сестриче во неа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И вториот: Веќе два пати за мене животот има завршено: еднаш, во 1945 година кога татко ми повеќе не можеше да ми овозможи да продолжам да учам така што морав да ѝ се вратам на земјоделската работа којашто не успеав ни да ја засакам ниту пак на неа да се навикнам и, вториот пат, кога почина жена ми оставајќи ме како чкор в планина по кого што никој жив не ќе се наведне да го земе за макар каква употреба ама јас и сам си го имам кабаетот зашто немав пари да му го платам лекот за да си ја излечам женат на Војаната, душманиот на мојот татко заедно со оној Трајка Казиовски од Ливаѓе и сега и мои душмани.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Јас немав униформа, зашто татко немаше пари да ми купи.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Сиромав, окапан, немаше пари да му плати на попот кога ве крштаваше, најпосле и него го закопаа на вересија.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ПОЦКО: Бог да го прости, ама не дај ми, боже, пак таков кум!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
А се случува и тоа родителот да нема пари за нешто многу важно да купи, да плати, а вие ако му побарате ќе ви ги даде, и на заем ќе земе, дете сте му, а вие ќе ги потрошите не водејќи сметка дека тие се попотребни за нешто друго, одошто за вашето одење в кино, одење во слаткарница, купување на некаква модерна кошула, маица и слично.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
(Куќата на Султана. Евто и Рајна се подготвуваат за легнување. Михајло седи над дебела книга. Чита на свеќа. Мачна тишина. Штотуку завршила караница.) ЕВТО: Гаси ја свеќата. Немаме пари за фрлање.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
ЕЛЕНА: Нема пари, нема пари. Сите тоа велат и сите имаат пари. Никој не умрел од глад.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
СУЛТАНА: Рајна! Оди викни ги, Рајна. РАЈНА: (на Елена) Нема пари.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Простете, - изусти со треперлив глас старичката, - немаше да дојдам, но навистина немам пари...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Не дека немаа пари да одат, например, во Капан-ан.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Само проблем беа парите. Се уплаќаше минимум илјада евра, а моите дома секако немаа пари за да ми овозможат такво нешто.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)