нема (гл.) - партизан (имн.)

Меѓутоа, при испраќањето на оваа мисија Британците биле сосема свесни дека четничкото движење во Македонија скоро воопшто немало свои приврзаници бидејќи според нивните информации “Михајловиќевиот комитет во Скопје е провален и безжичната опрема е пренесена од Наумовиќ во Порече и сé уште не е почната со работа“.77 Нивните информации покажувале дека на територијата на Македонија “освен заскитани војници нема партизани“.78 Но и покрај таквите информации СОЕ во Каиро пристапила кон подготвување на втора мисија за територијата на Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)