нема (гл.) - пристап (имн.)

Грев беше да се убие птица, убиството на птица беше изедначено со злостор.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во неа никој немаше пристап, дури ни кучиштата, па мршојадите на мира се гоштеваа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Најсветлата точка на „Пигал“ е спектаклот „Мулен Руж“ кој блеска со сета раскошност од бои и светла и каде што, како и во „Фоли Бержер“, секој нема пристап зашто за разонода во нив треба да имате подлабок џеб.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Акционери сме а немаме право на акции, немаме пристап до методот како се пресметува вредноста на акцијата, не ли пак да одлучуваме како акционери!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Другите граѓани уште немаат пристап во плоштадот, додека не се разотидат сите. Дури тогаш оживува вистински плоштадот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Латиноамериканците се страсни и бучни, но само во нивните домови, во коишто немаш пристап.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Гронинг: Понекогаш.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Поголем број на деца немаат пристап до медиите и не можат да го привлечат националното внимание, но сигурен сум дека тоа се случува многу почесто отколку што сум свесен. ?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
И враќајќи се од бескрајната празнина гореше од недореченост, затворајќи го погледот - накратко сосем мртва, бранувајќи го воздухот со прстите, несигурно како дете ја донираше својата кревка појава од надвор, непознат облик на работ од умот, исцрпена од силните претчувства за далечните светови во кои нема пристап, ограничена од ноќта, тажна, вознемирена и исплашена заради неочекуваноста на поривот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Имав стотици мегабајти закопани во мојата глава, како генијален идиот, информации до кои свеста нема пристап.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Што се однесува до останатите, за нив ништо не може да се каже бидејќи до нив нема пристап.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Нема пристап. Ја нема улицата што водеше до болницата. Токму неа ја бараме – болницата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„Нели рековме нимфоманките да останат во нивните простории и да немаат пристап на карневалот?,“ викаше однекаде медицинската сестра Хилда.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Брат ми ја оттурнуваше Августина, а потоа дојдоа чуварите и ја одведоа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Каде и да одеше, кого и да убедуваше од власта, а во партијата немаше пристап, брзо ќе завршеше како сомнителен, ќе го испитуваа, ќе копаа по уште незалечените рани од блиското минато.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тоа може да стане само онаа читателка која, пред денот кога прилегнала да ја чита оваа приказна, загубила некој клуч. Било каков клуч.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Некој навидум безначаен и дребен настан, кој сепак е услов без којшто нема пристап до љубовната напивка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)