нема (гл.) - простор (имн.)

Ги подаде уште еднаш двете раце кон мене, во еден обид, за јас да ги прифатам, но виде дека нема простор.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Работната атмосфера е тешко да се дефинира во целост, бидејќи В.И. смета оти токму поради оваа хиерархиска поставеност во фирмата се предизвикуваше непотребно сепарирање меѓу вработените и создавање на внатрешни табори.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во ова прилично големо претпријатие работеа околу 250 вработени, а самата структура во фирмата беше поставена строго хиерархиски – однапред се знаеше „кој e кој“, а одлучувачкиот фактор беше директорот, којшто истовремено беше и газда на компанијата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Доказот е цврст (населени се две, не една тишина!), значи нема простор за сомнеж ниту по прашањето на бакнувачот, ниту по прашањето на бакнежот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Фицџералд има убав расказ за една личност што шета низ градот со пукнатина стара десет години. » Во филозофијата всушност нема простор за расправи.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Можеби на прв поглед се чини дека, во ваква строга поставеност на нештата, нема простор за никаков проблем – бидејќи тешко може да се наиде на пречка во јасно дефинирани услови.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Единствено доминираше некаков идеален мир, некаква атмосфера на чиста свест каде што нема простор за човечка реакција ниту потреба за љубопитност, ниту желба за знаење.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)