нема (гл.) - разлика (имн.)

Сум прочитал дека нема разлика меѓу грешникот и светецот ако е секој сам на светот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во виртуелниот свет нема разлика помеѓу 1000 и 1 долар, тоа се едноставно два различни графички дизајна.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Потребно е да се има и време и здравје и останатите работи кои се, секако, сè уште во вашето тело.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Протегнувајте се, велат некои од нас - впрочем, стариот Зорба исто така ги протег­нува своите категории во друга насока, кога допушта една папаја поетички да ја претставува целата класа Папаи, како меѓу поединечните примероци од секој вид да нема разлики - помеѓу Џо Папаја и Фред Папаја, на пример, да не ги споменуваме Фред и Гледис - кои во некои случаи се исто толку важни како и нивните линеовски сличности.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тоа беше уште во времето на војната: меѓу гробовите и рововите како да немаше разлика, и едниот и другиот можеше да те затрупа.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Ако добиеш шанса и ако се поклопат картите, нема разлика.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Ален Вотс (Alan Watts) смета дека речиси нема разлики во квалитетот на природното и со дроги предизвиканото доживување, само што дрогите можат да го забрзаат доживувањето и дозволуваат можност за манипулација и претерано исцрпување на невронската активност на мозокот. okno.mk | Margina #8-9 [1994] 149
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И тогаш сфатив дека меѓу уката на чинењето мозаик и уката на преподавањето сказанија – нема разлика, дека и за двете важи истото правило, закон ист: дека не можеш да видиш, да узнаеш, да го созерцаш целото додека сѐ не си дојде на свое место, додека не стигне времето за целото, додека од малото да сочиниш поголемо, а од многуте – едно.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во написот со недвосмислен наслов „Семејни вредности“, Калифија-Рајс (претходно писателката лезбејка Пет Калифија) даде приказ на настраното родителство во кој ја нагласи неговата лишеност од настраност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, написот на Калифија-Рајс слободно можел да има поднаслов „Не викај нѐ настрани“. ‌Калифија-Рајс води сметка да каже дека и тој и неговиот партнер се „трансродови мажи (од жени во мажи или ОЖМ), а дечко ми е мајка на моето дете“ (48).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Имаше опипливо чувство на гнев уште во приговорот на Џон од Анаполис против мојот предмет: не, тврдел, геј- мажите не се модни зналци, не се ни познавачи на дизајнот, како што некои би сакале да мислиме, а не се ни мераклии да се облекуваат како жени.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Би било тоа „ненастан“. (А во тој случај, што има да се мачиме?) ‌Особено бележит пример за ваквиот став даде Патрик Калифија-Рајс во фељтонот за Настраното издание на Вилиџ војс на 27 јуни, 2000 година.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-мажите кои сакаат да се претставуваат како мажевни, ненастрани, постгеј или едноставно како обични, секојдневни дечки чија сексуална наклонетост не ги обележува како инакви од обичниот свет, инстинктивно клонат од секој аспект на машката хомосексуалност што би изразувал или би означувал женственост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, во воведната реченица се настојува дека нема разлика поради ваквата разлика.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И навикнати сме да го слушаме она постојано, настојчиво тврдење – што непрестајно ни се повторува веќе со десетлетија – дека машката геј-женственост е нешто од минатото, дека поларизираните сексуални улоги се застарени, хомофобични претстави, дека „кралицата е мртва“, дека нема разлика меѓу геј- и стрејт-луѓето, дека не постои никаква машка геј-култура што би била нешто повеќе од низа од злонамерни стереотипи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Наднасловот на написот го резимира она што го прави баш настрано семејството на Калифија Рајс: „Двајца татковци со една разлика: Ниеден од нас не се родил како машко“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Видовме слични примери на самоодбрана и оградување кај Дејвид Даниелс и кај Ентони Томасини, а да не зборувам за Д. А. Милеровиот фрапиран предмет на љубовта, кој набрзина си ги избришал солзите што ги сронил поради „Некоја чудесна вечер“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Ти така мислиш, а можеби и не е така, можеби нема да биде така,” ѝ реков.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Нашата судбина се поистовети со нивната. Меѓу нас и нив сега нема разлика,” ми рече.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ќе нема разлика меѓу убавината и грдоста.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Вистина беше дека тој е непријател на Партијата, а во очите на Партијата немаше разлика меѓу мислата и делото.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Овде нема разлика меѓу денот и ноќта.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но би било вистинска творечка сатисфакција ако ја нема разликата во единственоста и континуитетот на моето чувствување и доживување на Рацина и неговата поезија.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
„Но од гледиште на субјектот, се појавува вистинска животна околина, која го опкружува, а која се разликува од онаа што дотогаш секогаш ја доживувал, така што субјектот почнува да се однесува како да влегол во некој нов свет.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
„Меѓу нив нема разлика“, рече Херб.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Јас сум во години но меѓу мене и вас нема разлика. Вие тоа сега не можете да го разберете.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)