нема (гл.) - речено (имн.)

Никогаш немаше речено дека не сака да оди на училиште или дека макар што во врска со тоа го загрижува.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А кажете ми го тоа машко што не побрзало да се угледа на родениот татко.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Од каде го знам ова кога никој ми нема речено?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Навистина беше навредена од животот а не беше спремна да го искаже тоа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Па знам како му одеше проодувањето на нашиот син Иван.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не сум сигурен од каде и како се појави помеѓу другите размисли оваа нејзина болка што никому му ја немаше речено.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Замолкнаа. Секој во, себе прежвакува понешто што се уште го нема речено, нешто што го дави како коска во грлото.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Зарем ѝ немам речено дека тоа здолниште може да го носи само кога е со мене.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Зарем се нема речено во мрачен хумор: Малата земја е како бара со големи крокодили!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)