нема (гл.) - роднина (имн.)

Тој во тие села тамошните немаше роднини, ама имаше еден школски другар родум од Брезница, село блиску до Лиманци.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А што барате таму? Имате некои роднини? - Не, таму немаме роднини.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ќе спомнам недоразбирањата колку учат Од средбите на постојното со илузорното Кога предметите еден до друг притрчуваат За да го одречат или потврдат спорното Овде нема роднини а сите блиски Отскитаа во посветли простори Во одаите прозорците се ниски Потсетуваат на натрапници а не на гости Така е и со ветрот во градината Наминат во невреме, самиот како што вели, Ламбата е згасната, па сепак виделината Заборавена зрачи од ѕидовите бели.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Вели: „Сиромавиот никаде нема роднини“ , велеше Лазор Ночески и стана што стана на бродот, а бродот не го пуштаат одоздола, од кај нас, имало војски, имало војни, а таму ни рекоа дека сѐ е ослободено, сега мораме да вртиме околнаокол, откај Црно Море, откај Бугарија, прпа, прпа, допаткавме до Бугарија,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)