нема (гл.) - смисла (имн.)

Моето кревко тело нема смисла за убав подвиг, но ти лесно според потта на мојата болна кошула, како според Книга на болниот, ќе ги протолкуваш сите соништа и ќе ја покажуваш кошулата како поука на сите кои копнеат заедно со Тебе да стигнат таму каде што не може никој освен тебе.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Моето кревко тело нема смисла за убав подвиг и лесно од мојата кошула ќе протолкуваш како проникнувала мојата душа низ зборот и низ писмото.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Моќ и “анти”-моќ Рудолф II немаше смисла и дух само за мистификации.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ако сѐ е заблуда, тогаш зборот нема смисла.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Како последица на тоа, најновите текстови од Празни зборови, често немаат смисла, значење и логичност на сметка на сликовитоста на јазикот и визуелните егзибиции (достапни благодарение на совршеноста на IBM пишувачките машини).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во почетокот, во текстовите од Тишина, се занимаваше со работи кои ги учеше и кои ги познаваше (на пр. со акустичната и естетската природа) или пак со делата кои сам ги направи, за во последните текстови да пишува за сето она што го восприема, што се случува околу него и што во восприемањето е екстремно конфузно.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мислењата за значењето и вредноста на неговата работа секогаш беа поделени, од поддршка полна со ентузијазам до неги­рање и отповикување на тие вредности.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој набрзина ќе ја исркаше чорбестата манџа, безвкусна и безимена, и бргу бегаше назад признавајќи си дека никогаш немал смисла за вкус и што се однесува до него можеа да му дадат јачмен место ориз или да му подметнат прлешко место јагнешко месо.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Како што и веројатноста, за светот да биде она што е, е не само сосем мала, туку нула, па дури не е ни нула, таа нема смисла.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Затоа можеби и бев понекогаш екстремен во свои­те размисли за верата: или радикално го отфрлав постоењето на Бога или, во време на несреќи, кога ги губев најблиските од семејството, кога животот ми ја немаше смислата што би ја имал со нив, дури бев готов да ја проколнувам судбата што останав верски откорнатик...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Немаше смисла потаму да се спогодуваме и јас се согласив.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
На крајот на краиштата, нема смисла да имаш слобода ако не можеш да ја користиш.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Нема смисла понатаму да цитирам, зашто треба да го препишувам целиот расказ.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Штом е така, тогаш нема смисла и понатамошното спротивставување.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Или, пак, да можат тие самите, театарџиите, да почуствуват потреба од изјави што ќе откријат дека: „Паланечката моќ нема смисла, ако не се види.“
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Но, сега нема смисла да се расправа чија вина е поголема.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Не. Не. Сето тоа нема смисла. Не ги познавате Вие нив...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ИВАН: Тоа дека нема смисла на тој начин и со таков јазик да се говори за луѓето...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Потоа тој продолжи, се разбира вака пикнат во мене, да ми зборува а основно во сето тоа беше дека на работа му дошол “мојот” сосед од катот под мене и му се жалел на неподносливата врева што секоја вечер се слушала од “кај мене”, дека тоа немало смисла, дека сакал пензионерските денови да ги мине на мир со жена си, дека било мошне некултурно и непристојно од еден толку културен и пристоен човек каков што е другар ми така да се однесува и слично.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Но, кога ќе видам дека веќе нема смисол да продолжам и понатаму, а тоа секогаш се гледа во неа, во втората средба, тогаш ќе те пуштам.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Задоцни ѝ вечер од неодложниот состанок со колегите и колешките, ама со усул, и излажи дека си си се зезнал што си бил, ама, ете, немало смисла само ти да не одиш.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Затоа овие луѓе своите способности не треба да ги усмеруваат во погрешна насока, таму каде што за нив нема смисла.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Навидум ништо нема смисла.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Денеска ништо нема смисла, а веќе утре сè ќе изгледа извонредно подредено.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ти немаш смисла за реализам. И не си месечар. *
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Зборувај во бројки, буквите одамна веќе немаат смисла.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Татко имаше во себе резерви духовна енергија за акција која му претстоеше со Камилски, да ги ослободат зборовите од опасните османизми и да ја направат замислената листа, на почетокот составена, барем од стотина најпроблематични зборови, чие значење конечно беше исчезнато или во тек на исчезнување и немаше смисла и натаму да останат.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ќе си почека; оние што не се Балканци, во Париз, во Виена или во Петроград, сеедно во кој град и во која земја, немаат смисла за својата сегашност штом се загрижени за иднината на некои земји со полудиви луѓе.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Лилица се повлече, ми рече дека нашите средби веќе немаат смисла.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- Добро би било потоа да одиме некаде на кафе, нема смисла да ти ги давам парите на улица, не си ми макро!
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Немаше смисла да го испробува лифтот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Немаше смисла да продолжи со испитувањето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Демек, многу потрошиле на даноци и сега немало смисла и еве им враќа по некоја иљадарка.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
РЕВШИН: Порано од десет нема смисла: тој доаѓа во канцеларијата околу десет и петнаесет.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Само чу - „Нека остане ноќеска овде. Инаку, нема смисла.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Потоа, беше доцна. Немаше смисла пак да се враќам овде.“ „Те отпрати оној со очилата?“ „Тој.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Оздола од патот го здогледаа сењакот на Алекса Ѕвездин па се поколебаа дали да се засолнат под него, ама сфатија дека сега веќе кога се живо топило, а на неколку чекори од дома, нема смисла да се задржуваат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ниедно друго прашање нема смисла, сѐ додека смртта ни здивта зад вратот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Но, кога човек има најубави идеи, кога од песок гради градови, истовремено го обзема и чувството дека нема смисла ама речиси ништо да работи и тоа му нуди чувство на силна супериорност над сите во светот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
А преломниот момент е оној жесток момент на спознанието дека патувањето е бесконечно, и дека веќе нема смисла да се завршува.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Треба да се работи за иднината. Инаку ништо нема смисла.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Нема смисла, гостите ме чекаат, а и тебе ти се спие. Бреза веќе заспала.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ми велеше како сум му единствена надеж, дека животот му нема смисла без мене.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)