нема (гл.) - солза (имн.)

Бессолзните очи од тешка тага ко жарови беа; бидејќи го пресуши изворот тагата жешка - немаше солзи да леат.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Во неговите очи немаше солзи; имаше некој студен гнев, некаква мразна страст, некаква помиреност со судбината и со состојбата во која се наоѓаше светот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
— И гробовите ни ги земаат, вели, и од мртвите се плашат, вели и си плаче насуво, нема солзи во очите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И останале со положени дланки на плочите и со молитва од која само усните им потреперувале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во нивните исплакани очи секако веќе и немало солзи: Господи и мајко богородна и Гавриле Лесновски, стоплете им ги душите на Богдан Срменков (дванаесет години) на Горан и Јордан Пенков (тринаесет и шеснаесет години), на Салко Пребонд (петнаесет години) и на Климент Темелковски (шеснаесет години), но коските молчеле далеку од сите очаености на живите, и му биле верни на чудесниот спокој што ни бара ни прима утехи во својот заборав за она што е ден и она што е ноќ, за сѐ што е грч на тегоби.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Лебот и сирењето ми паднаа од раце, в грло нешто ме стегна, некакви искри ми прелетаа пред очи, се стресов и сакав да заплачам, ама немав солзи, сакав да викнам, ама немав глас, сакав некаде да избегам, ама немав сили...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Немаше солзи во нејзината душа, таа беше поисушена и од најголемата пустина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но уште немаше солзи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Поовкав, поовкав, поплакав и на гробот од Ѕвездана, ама суво плачење. Пак немам солзи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)