нема (гл.) - сон (имн.)

Велат ‘gute nacht’, а никој сега нема сон.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се преметнува неколкупати и стиска заби. Нема сон! Нема сон!
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој не си ја крши главата со таквите марифети на Родна, не го засегаат ни издолжувањето на вратовите на неговите синови, туку што веќе нема сон во неговите очи кога веќе нема сон сигурно е и време да се станува.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- Каков ти беше сонот? - започна Јана. - Никаков! Немаше сон, бессоно ја дочекав зората.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И немаше сон, немаше почивка сè додека не успееше во тоа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)