нема (гл.) - топола (имн.)

Ги нема тополите и црквата ја нема и водата што течеше од под карпата - ја нема.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А тополите? Влатко стои на крајот од ливадата заџарен... гледа угоре - синевина, синевина и бели облачиња порабени со бакарна светлина од сонцето што заоѓа... му се пристори дека синевината ќе се струполи врз него... па ги крева рацете за да ја потпре... ги нема тополите... ничкосаниот поглед здогледува вкоренети пенушки - небаре џиновски стапала...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)