нема (гл.) - храброст (имн.)

Немав храброст да отидам и да погледнам во копаното.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Немав храброст да влезам, зашто сѐ беше поднапиено.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Жан Женѐ рече за еден француски писател кого нема да го именуваме: тој нема храброст да биде писател.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но немаше храброст да стане, да ја тресне вратата, јасно да го изрази својот револт.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Никој од запрашаните архивисти и од другите службеници немаше храброст да каже што се случило, зошто и каде го преместиле.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
На пример, дијалогот може да биде помеѓу мажот кој штотуку ја загубил работата, но немал храброст тоа да ú го соопшти на својата жена, која пак го крие љубовникот во спалната соба.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Не споменувајте го синот, војната, смртта или старецот кој ја набљудува куќата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Да и ја соопштиш в лице таа твоја одлука!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А сонот не му ја мисли многу; зошто да си го арчи времето во објаснувања и додворување; му накалемил на валјакот сајли што ќе му го забрзат одењето, му додал некои нови каиши што ќе го раздвижат, горивото го дотерал така што пламен да фрла наместо чад, а потоа го пушти да ме казни заради необмисленоста на наредбата што ја издадов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зарем не можеш да сфатиш дека токму поради ова твое решение немаш храброст да ја погледнеш в очи?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Оние поединци кои го имаат посетувано училиштето за стравувања и стравотии или пак оние другине кои на панаѓурите навикнале да ги шетаат одаите на ужасите можат да се досетат како се чувствував.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А одговорните за изградбата, бидејќи немале храброст лично да реагираат и да ми укажат на тешкотиите со кои се соочени, го пуштија сонот да ме извести.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Земанек возеше бавно; газдата се смееше, му велеше да забрза, но Земанек немаше храброст да нагази на мотоциклот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Градот се менува а ти старееш, тажен си што не си се прилагодил на тупси-тупси кафаните, бронзените лавови и барокните мостови, и што веќе немаш храброст ни да се иселиш.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Немам сила, немам храброст а знаеш љубовта е нема а јас ко чедо на амор се претворив во дух... ќе изградам куќа од зборови и во неа би те затворила со клучот на моето срце би те чувала да бидеш мое гнездо во кое слетува мала птица да бидеш мој дом со отворена мускулна врата за срцето на малата птица лекокрила, многу нежна да бидеш свежо утро но тиха вечер... светилка што искри во мракот во мојата коса, една надеж, небиднина една среќа во ѕидините на срцето што се руши ко стена да бидеш последна љубов дојди, не оди си, дојди!!!
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Некој секогаш нема храброст да ја помине тенката линија.. но една насмевка, едни очи, се тенката линија која ја поминувам без приговор од самата себе...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Се најдов во небрано. Немав храброст да одговорам.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во тие мигови, додека ја напуштав, салата- предавална на касарната на присет ми дојдоа, како утеха, стиховите на Вињи сал тишината е голема, сѐ друго е слабост!, додека во далечината се слушаше пукот на оружјето во функција на вообичените вежби Да бев вистински храбар, како што се истакнувавме сите војници на државата која се одржуваше врз разнишаните темели на лажната величина, ќе се спротивставев, како во годините на бујната младост, искажувајќи ја тезата што внатрешно ја дополнував, а немав храброст да ја изговорам дека, според сите можни хипотези секоја војна не може да биде ништо друга освен грешка.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Немам храброст да ги кажам пред самата себе.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Германските нацисти и руските комунисти стигнаа многу блиску до нас во нивните методи, но тие никогаш немаа храброст да си ги признаат сопствените мотиви.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сѐ уште немаше храброст да и пријде.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ме праша дали сакам да го јавнам коњот. Јас сакав, но немав храброст.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Риса нема храброст нешто да му проговори, ама посега по една од вреќите, ја фрла на рамото и сака уште нешто друго да стави под мишка.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Нема храброст да ја подаде раката, да го наалка местото.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Само лебот останал негибнат, злочестиот немал храброст и со него да си поигра.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Само што немаш храброст да го покажеш тоа.“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Немав храброст. Да појдам сам. Ема, артистка, ме сослуша со оправдувачка насмевка.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Тогаш кога немаме храброст да го живееме животот така како што сакаме ни се крши душата и стануваме кукавици, предавници, издаици на сопствените соништа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ќе се будиме ли еден ден сами со своите тајни, тешки како олово, поради изборите што сме ги направиме за да преживееме или тоа ни е само изговор зошто немавме храброст да останеме и да се соочиме со животот!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Знам, вашите солзи тежат како црна земја, плачот на вашето срце ги пара порите на земјата, само вие ја знаете вистината, вие кои ја видовте со своите родени очи, бидејќи ниту еден од ситните души ја немаше храброста да погледне во целиот свет, урнат, запален, срушен.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- „Дали добрите луѓе прават лоши животни избори?“ Речиси секогаш!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Нема храброст. Се плаши од лоши вести.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мојата сестра Чана има некоја мака ама немаше храброст да ја претвори во зборови!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Чана знае дека Пелагија се печи на оган, туку го бара нејзиниот поглед со знак за заминување, а тоа и се случува, станува од столицата, му се приближува на Димостена, му ја зема раката како за поздрав и туку брзо и силно ги вкопува своите усни на неа пропелтечувајќи неколку зборови Прости ми Димостене за сѐ што претрпе, за страдањата заради мене, прости ми барем ти ако не може тоа да го направи Света Богородица и дедо Господ, ама на твоите страдања немав храброст да ти натоварам уште и неизбришлив срам!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)