нема (гл.) - кај (предл.)

Ако сме логични, тогаш треба да признаеме оти автономијата на Македонија, за која досега револуционерите се бореа, има смисла само во тој случај ако револуционерите согледуваа во нашиот народ такви квалитети и особини што се немаат кај другите балкански народи, а се само наша карактерна црта.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
До тогаш и во турско време го немало кај нас.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не е у другта, испадна да причека адно другар, ки са врне, нема кај да оде на вакво кијамет! вели Пена и снова по одајката, де отвора сандук во ќошот, де влече фиока од креденчето донесено од Гаково, реди работи на подавалникот за да ги почести гостите.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Е, тогаш аздисав. Да псуеш, забрането, да протестираш, немаш кај кого.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Знае тој што сака, нема кај него погоре и подолу.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)