нема (гл.) - конкретен (прид.)

Кога луѓето немаат конкретни решенија за определени ситуации, излезот го бараат – во големите идеи! Најчесто утописки.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Да, со татко ми можеа секогаш лесно да расчистат, но се плашеа од Чанга, Татко ми, впрочем, не беше толку наивен за да не насети од каде демне опасноста, тој секогаш некако, дури инстинктивно, ја насетуваше, и кога за тоа немаше конкретни индиции.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Градските раководители, навикнати секогаш да работат по директивите на повисокото раководство, колку и да сакаа да бидат самоиницијативни немаа конкретни иструкции како да постапат со козарите и со нивните кози.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој знаел дека речиси сите уапсени немале врска со солунските атентатори, но го знаел и тоа дека голем број од нив имале врска со Македонската револуционерна организација, иако немал конкретни докази да ги испрати на суд.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)