нема (гл.) - каде (прил.)

Но немаше каде. Стоеше неподвижна, со наведена глава и го примаше острилото на изговорените зборови.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во овој „алабак табури", како ја викаше еден од родителите оваа дружина, беше „аскер" и малиот кржлав, мрсулав, мешлест како жаба, Крсте, син на манастирскиот ѓак Петка, кој штотуку беше, се запопил, и немајќи ни волови, ни коњи, ни орање, ни копање, немаше каде да го прати сина си на работа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тие дни му даваа само леб и вода, но Толета повеќе го истошти бессоницата, оти немаше каде да се испружи да преспие.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ти немаш каде да ја примиш. Срце што нема за себе конак, не може да пречека гостин!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кодош низаеден, си велам јадосан до немај каде.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И јас, нема каде, ајде пак назад.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таа, пак, немајќи каде да бега, се фрлила преку пенџере.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Нема каде: преку Babylone да одлутам на Pigalle и вечер.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Во една и иста кафеана секој ден се сретнувам со другарите и до пладне се потсетуваме на нашите млади времиња, умуваме за тоа кој каква глупост вчера истреска на телевизија, па дома на ручек и потоа дремка со весникот во скутот и до доцна во ноќта се караш со оние од екранот на кои им се чини дека светот почнува од нив. Лигавење до немај каде.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Но Славчо немаше каде. Се врати повторно да живее во онаа негова куќарка зафрлена во трапиштата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Августовскиот воздух препекуваше; од тоа вжештено насилство немаше каде да се засолни - надалеку немаше никакво дрвце, а високите згради не фрлаа сенка.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Секој си ја носи набашка, со себеси, вели. Нема каде, се враќаме дома.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- И козарите и пчеларите се жалат, вели, нема каде Да ги истераат козите и пчелите. Нема каде да пасат, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се враќаме дома, а нема каде да се измиеш, вода да си префрлиш. Јазот е замрзнат, коритото е преполнето со соспи снег, израмнето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И кога ме сети, еда, се сврте, ги ококори очиштата и сега нема каде: јас гледам во неа, еда, таа гледа во мене.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)