нема (гл.) - многу (прил.)

Луѓето прибираа намирници, немаше многу, ама колку нешто да се најде за црни дни.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Бараа прилика да ми го кажат тоа, но немаше многу такви прилики.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Немаше многу луѓе со кои би зборувал, но и да имаше, пак не ќе зборував. Се повлеков во себе, многу молчев. Не можев ништо да смислам, а уште помалку да сторам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Станувам и седнувам, немам многу простор.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Затоа, велат, во Штутгард и нема многу претставници на крупната германска индустрија...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
После го разгледуваа албумот, ја видоа Јана каква била на дваесет години. Но нејзини снимки немаше многу.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во полутемната просторија, што нѐ удри во носот со реа на скапана зелка и помија, немаше многу луѓе.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Само уште некој ден ќе ти бидеме гости, не плаши се нема многу да ти додеваме, — му одговори Гарванов божем навреден од неговата остра постапка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— А сега, ако су јас домаќин и ме почитувате за таков, повелете сете кај мене в село на госје, — ги покани Толе сите и си го јавна Белчето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Немаше многу други капачи/излетници во околината, а оние коишто беа тука изгледаа изразито локално; ние воопшто не знаевме арапски, освен неколку безобразни зборови собрани од Шехерезада, и иако поголемиот број од мароканските деловни луѓе зборува француски, шпански или англиски, тоа не е случај со обичниот работен народ.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Што Ви беше најголемата радост во животот? Па, мој боже, ќе ви признаам дека немаше многу такви нешта.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Пораснав на јуфки и попара. Во Пасажот Шоазел нема многу глетки на природата? Нема ниту една. Бевте париско дете, кое слабо знае за природата, чистиот воздух.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ех... Нема многу што да се каже, домаќинката има Медицински атлас Ларус, а и болестите го загубија угледот, ги има помалку, гледате што се случи: нема сифилис, нема гонореа, нема тифусна треска. Нема ни чума, ни колера.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тоа беше државно училиште, знаете, така што немаше комплекси. Немаше многу комплекси од пониска вредност.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ангели и црвени коњи едрат низ ноќното небо.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се појавуваат флешови на Хитлер и Сталин, инсекти и носорози, The Wild Bunch i Midnight Ex- press експлодираат на прозорецот од мотелската соба додека двајцата водат љубов пред заложникот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
NBK можеби нема многу што да каже за овие демони, но може да покаже многу, со слики во кои се измешани убавината и ужасот, ѕверствата и комедијата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Не баравме ниту да ни се аплаудира. И од тоа нема многу фајде.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Патуваме, патуваме... Отпрвин сѐ е интересно и убаво, а потоа очите заболуваат од силно гледање, па некој што нема многу грижи ги склопува очите и дреме.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Живеевме како богови; немавме многу а имавме сѐ, и тоа никогаш во животот веќе не ми се повтори.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Нема многу опции за малите суштества кои се обидуваат да си го најдат патот.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Иако нема многу Грци во Македонија, пак Грција е не помалку заинтересирана во нашите работи од другите балкански државици.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кај крвните врски, кои ни се наметнати по силата на нештата (или по божја волја), немаме многу избор – се раѓаме заради свесната одлука или не толку свесните постапки на нашите родители, без никакво учество од наша страна, и на овој свет носиме единствена, неповторлива комбинација на нивните гени.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И таа имаше, ама ја носеше ретко, по некој повод, а немаше многу такви.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Убаво ми велат Јоле и Спасое: - Пази, Јоне, ти немаш много пријатеља.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Чинела дојди мечката на потокот, велеше татко, да се напие вода или да се искапи, велеше, а крмакот ќе се затрча и ќе ја шибне одзади со секачите, со 'рпалата и мечката ќе рипне, велеше, ќе почне да бега, ама дека нема многу време за бегање, велеше, ќе се качи на една бука.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- За жал нема много да ве израдувам. Знам само дека пред една година се поздравивме и ми рече дека заминува.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А јас, ете онака, Петрович... шинелов, сукното... еве гледаш, насекаде на други места е сосема здраво, малку е правливо и изгледа како старо, но ново е, само ете, на едно место малку е онака... на грбот, а еве уште и на рамото, на едното рамо, малку се излити, а еве и на ова рамо малку – гледаш, и тоа е сѐ. Нема многу работа...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На кривулчавите улици немаше многу минувачи.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
3 Милан Ѓурчинов ги открива кај Чинго белезите на начинот на раскажувањето во еден општ впечаток, кој е, сепак јасен и прецизен: „Од првите свои чекори, од првите прозни записи со кои стапи во нашата книжевност, младиот автор изградуваше некој чуден, само нему својствен начин на раскажувањето кој како да немаше многу заедничко со книжевниот професнонализам...“
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
На улицата немаше многу луѓе, но веќе не можеше да ја препознае.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се разбира дека ќе ја одлагаме колку што можеме повеќе. Но тоа нема многу да промени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Го извлеков чунот колку што се можеше повеќе кон сувото и ги наредив работите на Лена, нешто на клунот напред, нешто под мене. Немаше многу пљачка.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Можам да се сетам на секоја поединост од деновите во тоа лето, зашто немаше многу пречки што би го оневозможувале тоа сеќавање.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Како да брзаше да завршиш многу започнати работи, како да мислеше дека немаш многу време.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Ние сѐ сакавме да видиме, но немаше многу сила во тебе.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Плажата пред хотелот Интерконтинетал беше убаво средена и немаше многу гости.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Церемонијата се сврши брзо, бидејќи на Велигден нема многу пеење в црква.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но од тоа тие немаат многу мака. Ги печеше ги гореше, ама и ги зајакнуваше да можат да ги издржат сите други и маки и страдања што им ги нанесуваа господарите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
19. Му верувам зошто да не му верувам на Чарлс Дарвин Дека ние коалите сме можеби најпознатата врста дембели Добро де и оние Црногорците на Балканот биле во мртва трка со нас За нив не сакам да си ја грешам душата Ама за нас коалите бев чула дека ако крстителите Немале пошироки погледи на светот И ако ги гледале само нашите навики Австралија можеле да ја наречат и Дембелија пу пу скраја да е Туф туф врста дембели А што сме мислители и сонувачи никому не му е гајле Кога секое суштество е дадено на многу мислење Нема многу време за работа Сега некој зајадлив ќе рече кој работи не мисли Или колку повеќе работиш толку помалку мислиш Други зајадливци ќе речат дека работата го создала човекот Не се сеќавам добро ама некој како да ми рече дека тоа е цитат од Маркс
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
И жена му, во чеизот, имаше ковчеже со книги. Немаше многу книги.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ни Французите немаа многу што да си кажат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Меѓу нив нема многу допирни точки. Тие се светови за себе.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ако заведувањето игра на картата на претчувствување на она што во другиот останува вечно тајно за него самиот, на она што никогаш нема да го дознаам за него и што сепак ме влече како тајна, тогаш веќе не останува многу слободен простор за заведување, бидејќи денес другиот веќе нема многу тајни ни за самиот себе.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Немав многу тешко за држење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Широко ми е, велам, немам многу месо за ширење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Немаме многу време, вели, може побрзо да загинеме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Бидејќи, еве гледам, твоите играчки се тврди за забите на моите мечиња, значи не се јадат, продолжи си го патот и другпат не поминувај одовде, оти јас немам многу доверба во оние што личат на тебе!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Подготовките за одбележување на Денот на независноста беа мношне интензивни, зашто немаше многу време.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
ДИМИТРИЈА: И кој го покани него на ракија? СТЕВО: Јас! Имаш нешто против? ДИМИТРИЈА: Немам многу против, ама немам ни многу за.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ама, немаше многу среќа. Печатницата згасна пред извесно време, по само неколку години работа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Нема многу да ќариш кај мене, денес во нашиот фрижидер има промаја. Сосем празен.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Патуваме, патуваме... Отпрвин сѐ е интересно и убаво, а потоа очите заболуваат од силно гледање, па некој што нема многу грижи ги склопува очите и дреме. На пример Сашо.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)