нема (гл.) - постојано (прил.)

За да ги разбереш овие нешта, кога ќе се просветлиш, ќе го достигнеш најнискиот степен на духовно растење и нема постојано да прашуваш.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
На жена си Профимица, која често паѓаше во несвест, ѝ велеше дека е родена под знакот на некоја ѕвезда паѓалка која нема постојано место на небото, која е пречувствителна и кревка и која од ништо, од туку-така паѓа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Немаа постојано живеалиште, туку на два, на три дена спиеја и се хранеа во друга куќа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)