нема (гл.) - потоа (прил.)

Нема вистински крај на нивната посета; нема последно уживање во чистата светлина на нивното конечно место за одмор, го нрма свечениот проштален појадок со конечниот леб со сусам на балконот покрај море, нема последно пливање во базенот, последен сет на тенис, последниот лесен ручек во ресто­ранот во анексот, последното нуркање без костим за капење на гре­бенот близу до нивната омилена мала плажа, го нема потоа поспаното одма­рање врз лигештулите, последната купка во џакузи, последното доцнапо­плад­невно повлекување за последен пат да се води љубов на последниот љубовен начин, паѓајќи во сон, кожа крај кожа, во взаемна прегратка; го нема последниот повик за будење од тој сон, последниот предел и десерт.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)