нема (гл.) - тогаш (прил.)

Проклет да бидам, тие кога ќе беа редари, дежурни, немаше тогаш пострашно место од домот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
„Да, така беше! Немаше тогаш многу снег, па одевме на прошетка низ Рекреативниот центар.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Му се стори, ако веќе околу него се менеше ѓаволски, дека во него, во она што беше мисла и живеење под кожата, се протега попот: ти се бореше, ти стана власт со митралез (секирата е поалчна од муцките што брстеа младинци), тракторот стана куп старо железо, од гумите на неговите тркала и ти носеше опинци ( немаше тогаш Чик, Газела, и други фабрики за чевли), држи сега говори нема кој да те слуша ... Не-ма.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И штотуку есента распослала магли, немало тогаш две сонца вечно лето да е, човекот ги повикал некогашните свои пријатели да повелат малку да се крстат пред неговиот ум.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ми се бендисуваш. Тоа си беше поубаво. Немаше тогаш ни мерници, мелници, како ли се викаат?
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)