нема (гл.) - барем (чест.)

Тој знаеше, како што пишува Жари во Мажјачиштето, дека „се разбира нема причина луѓето да градат трајни дела ако тие немаат барем јасна замисла дека овие дела треба да чекаат на додатна убавина... која иднината ја чува во своите одаи.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
И Тода, и Бисера, и поп Петко го знаеја тоа дека домаќин на село, кој нема барем еден ќереп покривач над глава, тој не се смета за домаќин.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Да нема барем гајлиња со женската убавина, која е обично за други радост а за мажот грижа, и тој е само нејзин буден чувар, кој зад седум пердиња ја крие за да не стане шербетлија мамка за секакви гадинки.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)