ничкоса (гл.) - глава (имн.)

Се фатил Итар Пејо за глава, пак слегол од магарето што го јавал, ја ничкосал главата и почнал да плаче, вика, туфка, аман Господи.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
– Имам, имам; дојде брат му на Фета-бег овдека и ми донесе сељам од двајцата: постариот и помалиот, а средниот... – тука Мамут воздивна уште подлабоко и ја ничкоса главата, – средниот веќе отиде кај големиот пророк.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Баба Петра се заџари во внуката и снаата и ничкоса глава. Која душа да одговори?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)