ниша (гл.) - глава (имн.)

А кога се свртува, тој гледа дека на меѓата над лозјето стои полјакот, лукаво се смешка и ја ниша главата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
„Раскажувај само, не жали се“, умно ја нишаше главата старецот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но и двете раце на Арсо му се зафатени со некакви пакетчиња и цвеќиња и тој само, среќно збунет, си ја ниша главата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сега полн осмев го зафаќа, ја ниша главата, му го посочува на Етхем-паша местото од страницата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Пратеникот ја ниша главата сомничаво.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Домаќинот со света сериозност слушаше, ја разгледуваше својата рака без два прста, ја нишаше главата како да сака да ја откорне од нејзиното лежиште.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Исто небаре кучка. Ја ниша главата и гребе по ѕидовите, удира.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кузман се обидуваше да ја фати за рака, таа се тргаше, нишаше глава и пискаше. - Не, не... Зар овде? Види го ти безобразников.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тој слушаше внимателно, нишаше глава и шмркаше не прекинувајќи ме.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сепак ја видел девојката како граба од една двоколка големо парче месо и како бега со трчање веднаш за да стане мрак во мракот на простор до кој зелената небесна светлина не достасувала.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Подоцна Онисифор Проказник со зачуденост ја нишал главата: во Кукулино дошла по свои тајни патишта вистината, ако тоа сепак била вистина, дека Ганка со бегање се спасила од напасници, што им ја запалиле куќата и ги потерале пред камшици врзани пред своите коњи нејзините родители со поголема група недолжни селани.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Еден од неговите луѓе, чпртав и пеплосан во лицето, инаку со повеќе волнена облека на себе отколку што можеле двајца да носат, зимурлавник со име на лесновски светец Гавруш и со презиме што можело да биде име пред десетина векови - Пребонд, ги пребројувал луѓето додека минувале со запрегите кон неголемата рамнина со ретка но смарагдно зелена трева; стоел до младиот старец со кожув и со сомневање ја нишал главата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Стоел исправен и привидно спокоен сокривајќи ја својата потиштеност најмногу заради споменатата тепачка на дојденците со Турците.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Пејковци се племе. - Деца, внуци ... Глутница - кажи самиот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Истоштениот чувствувал на овој пат дека видовитоста не му е туѓа, дека за чудовиштето што ги следело ноќе знае повеќе од другите. Ја нишал главата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Воденичарот ја нишаше главата и се чудеше: - Па како тоа да си се исплашил толку? Де, де кажи. Не срами се... А?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)