ништи (гл.) - сите (зам.)

Со него ги ништам сите мои непријатели – смирено одговори старецот, бришејќи го остриот нож од високата трева.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
4.  За разлика од укинувањето (дејство ex nunc – „отсега“ за во иднина) кај поништувањето на одреден правен акт (ex tunc – „оттогаш“ 52 т.е. наназад) се создава впечаток дека овој поништен акт воопшто не ни постоел во правниот промет и сообраќај и, ретроактивно, се ништат сите правни последици кои настанале од неговото дејство.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во нив отсекогаш сѐ што е родено е живо и затоа нема и што да се откопа: луѓето таму во крвта си ги носат предците па затоа и не веруваат во одминливоста, самите себеси си се и предци и потомци: нанижани во долги низи црвени африкати, огнот во нивните колиби ги ништел сите нивни платони и исуси, бетовени и целани, па точно затоа тие и сѐ му доверуваа на зборот: сите нивни пориви и тајни - зборот ги префрлал преку вековите.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Судот закажува рочиште на коешто на записник ја констатира склучената спогодба која добива својство на судско порамнување – ако се исполнети условите за склучување на судско порамнување согласно овој закон (чл. 308, ст.4 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)