носи (гл.) - дете (имн.)

„Ах Митро, ах брлива главо! Толку ли не ти текнуваше оти тиа жени шо ќе дојдат за етрви носат деца?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во написот со недвосмислен наслов „Семејни вредности“, Калифија-Рајс (претходно писателката лезбејка Пет Калифија) даде приказ на настраното родителство во кој ја нагласи неговата лишеност од настраност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сведоци сме на подемот на еден нов и силен култ на геј-обичност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во тој видлив обид да ги надминат стрејт-луѓето во лотаријата на нормалноста и да ја избегнат заканувачката дамка на стигмата, геј-луѓето во последно време почнаа да се гордеат со својата здодевност, обичност, просечност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Некаква видлива агресивност почнала да им го полни настојчивото тврдење дека се толку здодевни, толку конвенционални и крајно нераспознатливи од сите други. ‌Неодамна во рубриката Мислења во Њујорк тајмс во напис за можноста Американците да изберат отворено геј-претседател, Морин Дауд го цитира Фред Сајнц од Кампања за човекови права, геј-организација за политичко лобирање со седиште во Вашингтон, кој „му се жалел на сопругот дека геј-претседател би бил антиклимакс. ‘Луѓето очекуваат бизарен тип и чудно однесување’ ми рече. ‘Ние секогаш сме ти оној смешниот комшија што се носи шарено и авангардно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Би ги изневериле луѓено со својата здодевност и баналност кога ќе разберат дека во недела попладне одиме во супермаркети, дека си ги носиме децата на училишни претстави и дека гледаме филмови’“.456 Избирањето геј за претседател, наводно, не би сменило ништо: никој нема да ја види разликата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Враќајќи се кон куќичката Пелагија се обидуваше да разјасни зошто дојде Чана, дали да покаже дека е лута што не е повикана на армасот на Деспина, или едноставно да ја потсети на оној дамнешен црн ден што никогаш не се заборава, или навистина сакаше да се распраша како ќе ги носат децата до на школо?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
„Тоа е дел и од природата: мајката е онаа која го носи детето во себе пред да го роди, од нејзиното тело тоа се храни пред раѓањето и по раѓањето.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Сѐ се разликува од човек до човек. Од мајка до мајка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Веднаш да објаснам: оваа слика во мојата свест немаше врска со Уредот. (Редно е да напоменам дека Управата со наредба им имаше забрането на службеничките да ги носат децата во работните простории).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Обично празните зембили ги носеше сама, а полните ги носеа децата од соседството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)