носи (гл.) - многу (прил.)

Трајче излегуваше од Струга и во самарчето од Дорча носеше многу важна работа за штабот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Имаше пред себе сѐ, што му беше потребно; имаше едно одлично време, што му носеше многу, премногу вода, а тука беше и таа здивена машинерија, која беше готова да му се потчини и на најмалото движење на неговиот мал прст.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Оди со здравје и носи многу поздрави на вашиот Истанбул – го испрати прилепскиот кадија првиот гласник лично до силниот султан Сулејмана со тешко обвинување против мариовските бунтовници што подигаат бунт во срцето на големата турска империја, кога таа беше на највисоката точка од својата сила, од која се тресеше цел свет.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)