нуди (гл.) - алтернатива (имн.)

Ставот за јазикот изведен од когнитивната наука како и херменеутичките филозофи нуди алтернатива на традиционалниот дуализам ум- тело, за создавање на психотераписки приоди кон овие проблеми.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Една од клучните плочи во таа фаза, во смисла на оние што нудеа алтернатива на буката и бесот, беше и соло албумот на Mark Lanegan, “The Winding Sheet”. Lanegan на овој албум рамноправно ги третираше звукот на виолината и акустичните гитари со електричните инструменти, а како чекор понатаму кон фолк традицијата ја сними и обработката на Leadbelly-евата песна “Where Did You Sleep Last Night?“
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Во серијата на билборди, плакати и банери поставени во јавни простори во внатрешноста на низа градови во Европа и Јужна Америка кои го сочинуваат проектот „Алтернативна економија, алтернативни општества“, Реслер ги користи средствата за надворешно рекламирање за претставување на алтернативи на постоечкиот општествен и економски систем.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Така, размислувајќи за само четирите збора од насловот, согледуваме колку Деридиното пишување постигнува многу повеќе од ефектот на отуѓување и зачудување; тоа активно интервенира во метафизичките, религиозните концептуални шеми и нуди алтернатива.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Во голем и видлив фонт, Реслеровите билборди повикуваат на преиспитување на постојните односи на моќ и нудат алтернативи кои би биле „помалку хиерархиски, засновани врз идеите на директна демократија и би вклучувале што е можно повеќе луѓе во процесот на донесување одлуки“ 139.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)