нуди (гл.) - можност (имн.)

Ми се нудеше можноста да го потврдам или оспорам, не без мал ризик, татковото искуство дека од егзил не постои вистинското враќање.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И сфаќаш дека секогаш кога ти се нудат можности „боли глава“ не знаеш да си направиш избор, а да биде правилен, тој изборот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Концентрираниот видокруг пред нашето ширум отворено око можеби нуди можност за едно ново осознавање.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Како трета солуција ја нуделе можноста да се „направи возобновување на предлогот даден на Бугарија од силите на Антантата во 1915 год. за отстапување од Србија на Бугарија на неколку области источно од Вардар“ што ќе зависело, пред сѐ, од „размената на делови од населението од југословенска Македонија кои сакаат да ја преминат новата гранична линија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Таквиот предлог според нив "може да биде поздравен од Бугарија како краен договор за нејзините претензии кон негрчка Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
А јас ви нудам нешто друго. Ви нудам можност да ја раскинете папочната врска со своето племе и да се издигнете до својот сопствен идентитет.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Убавината нуди можност да го надминеш срамот, да избегаш од заедницата на стигматизираните, да се воздигнеш до занесното созерцување на чисто телесно и естетско совршенство и да ги оставиш зад себе кутрине стари кралици, да ја оставиш иронијата кон романсата, да достигнеш достоинство и да постигнеш вистинска и сериозна вредност, како во сопствените очи така и во туѓите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Посакувањето убавина нема врска со остварување заедничка цел со другите, туку со сакањето да се има нешто најдобро – и, со тоа што ќе се има, да се биде најдобар.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Врз таа изјава може да се изгради тезата според која Граси е всушност Нет-уметник бидејќи користи една форма типична за Интернет, колективната креативност, како што заклучи теоретичарот Фрањо Рихтман: „Дигиталниот домен нуди нелинеарна околина... која го охрабрува развојот на колективната форма на работа, кадешто детериторијализацијата на традиционалната творечка структура овозможува разнородност и нестабилност и нуди можност за продуктивна различност”.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Неговите чести отсуства ноќе, кои беа поздравени од страна на префектот како сигурна помош за успешноста, јас ги сметав само за трикови кои на полицијата и` нудат можност за детален претрес, во исто време наметнувајќи го убедувањето до кое Г., всушност, на крајот и дојде – убедувањето дека писмото не е во куќата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)