нуди (гл.) - во (предл.)

Својствата на музиката му се спротивставува на календарското време и начин на живеење; сѐ подредува на себеси; од еден и еден прави еден човек; не ја злоупотребува искреноста; ја ублажува сличноста меѓу несреќата и страста; ја збогатува крвната слика на емоциите; луѓето ги дели по слухот; процес е кој трае без оглед на злосторствата исчезнувањата, паѓањата во неа емигрираат немуштиот јазик и душите потребни ѝ се помошни средства луѓе и тишина; се нуди во најразлични изведби; предизвикува природни феномени затемнување на сонцето на љубовта, рамноденица труење со хармонија музиката е без предрасуди не озборува, не осудува избезумува те заведува, те заведува и кога си во нејзини раце те остава сам, со себе.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Филозофската сказна што се нуди во романот Времето на козите, според Едгар Морен, претставува нешто посилно од сето тоа, посебно од арбитрарните декрети на власта.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ми беше дадена шансата да ја реализирам мисијата која ретко ви се нуди во животот, да трагате, да придонесете да се зближуваат, да се обединуваат луѓето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Најпосле, сфатив дека тој ден, оној петок, оној 17 март, 2000 година, Службата за студентски прашања на Универзитетот на Мичиген во Ен Арбор, каде што, всушност, предавам англиски, ја активирала информативната страница со распоредот, на која ги објавила предметите што ќе се нудат во зимскиот семестар од учебната 2000/2001 година.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не се разликуваа многу од оние што се нудеа во продавниците, каде што се продаваше порнолитература, со сите свои натуралности.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)