нуди (гл.) - низ (предл.)

Меѓутоа, има и нешто повеќе од сето тоа, од арбитрарните декрети на власта, а тоа е сказната што ни се нуди низ романот Времето на козите, на романсиерот Луан Старова, сугерирајќи ни, а и без тоа некогаш да се каже, дека грешките и лудоста на режимот не беа во диктатурата, туку во феноменот од кој произлезе диктатурата, односно од идеолошката аберација.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
5. Како логички форми, во постмодерната веќе не доминираат индукцијата и дедукцијата, репетицијата и редукцијата, консеквенцата и прогресијата, туку комплексноста и противречноста, парадоксот и паралогијата, а барањето за консензус се нуди низ спремноста за дисеминација.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)