нурнува (гл.) - во (предл.)

По некое време ги зедоа пиштолите и почнаа да пукаат на нив: паѓаа птиците на брегот или во водата, некои бегаа, се префрлуваа подалеку во езерото, некои нурнуваа во водата, а некои како да им пркосеа, позасилено фрчеа над нив и испуштаа пискливи гласови.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Влегувам во канцеларијата и при тоа го извршувам сето она рутинско „добро утро”: ги палам светлата, разгледувам дали има пропуштено повици, си подготвувам кафе (со малку грижа на совест поради типичниот македонски почеток на работниот ден), а потоа со часови се нурнувам во компјутерот и се препуштам на долго, бескрупулозно, бескорисно, безидејно, безпотребно, без исав сурфање на интернет, кое во последнава година само ми го доослабна и онака слабиот вид.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Најпосле не сети и сам кога почна да се предава, да се отиснува од допирот на будноста и да нурнува во маглите на сонот; мемолејќи си нешто како: горда гордана спие со голтар; или: горда гордана се згрвали со голтар.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
На брегот со исушена трева се задржуваше само толку колку да го изголта лебот и сирењето, а потоа оставаше да го олади студената вода на Вардар која не ја плискаше врз своето лице и снага, туку се нурнуваше во најдлабокиот вир крај врбата на свиокот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)