обезбеди (гл.) - услов (имн.)

Работодавачот обезбедува заштита на инвалидите при вработувањето, оспособувањето или преоспособувањето – во согласност со закон (чл. 177, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со глоба во висина од 1.800 до 2.000 евра ќе биде казнето заштитното друштво кое нема да ги исполнува условите пропишани со законот, правните лица кои ќе дадат погрешни информации, правните лица кои нема да ги обезбедат условите за работа за инвалидните лица и работодавци- те кои добиените средства од Фондот нема да ги користат согласно со законот.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
На работникот инвалид на трудот со право на професионална рехабилитација, по основ на професионална неспособност за работа – работодавачот е должен да му обезбеди услови за вршење на професионалната рехабилитација и да го распореди на друга работа со полно работно време во согласност со прописите од ПИО (чл. 178, ст.1 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)