обележи (гл.) - еден (прид.)

Таа ноќ, немирна, се сеќавам, читав една книга и, некако спонтано, обележав еден пасус.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И Татко беше облечен во својот единствен костум за мејдан, очекувајќи го својот пријател, на последната дебата околу гастрономијата и јазиците, поточно за местото на османскотурските зборови од областа на исхраната, пијалаците, кои со векови се наоѓаа на заедничката трпеза на Балканците, обајцата убедени дека исхраната обележува една цела цивилизација.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Немаше однапред договор кој ќе реферира за турцизмите во доменот на исхраната, туку обајцата требаше да бидат максимално подготвени за оваа последна дебата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)